Следната фотографија ни ја открива мистеријата како изгледаат млечните канали, а кога ќе ја видите, ќе ви стане јасно зошто откако беше јавно објавена, целата Интернет заедница се воодушеви!

Мајчиното млеко е клучно за обезбедување хранливи материи на бебињата кои им се потребни за нивниот развој.

Но, како изгледа тој извор на храна?

Еден Твитер корисник сподели фотографија од биолошкиот дијаграм кај жените и истиот стана Интернет хит, односно 100.000 луѓе беа воодушевени од структурата на млечните канали, која наликува на цвет:

Набрзо под фотографијата се испишаа бројни позитивни коментари, од луѓе кои беа импресионирани од изгледот, а еден дури гласеше вака:

„Мислев дека ќе видам обични мускулни канали, но ова се цветови! Не ми се верува колку прекрасно изгледа нивната структура. Дури невројатно“– напиша корисничката Хитоми.

Фотографијата навистина е доказ дека природата и човековиот дизајн се навистина и мистериозни, но и величествени!