Опремата за вежбање дома не само што може да биде опасна за оние што ја користат, туку и за мали деца кои мислат дека е играчка. Најчеста причина за повреда е тоа што возрасните не ја проверуваат својата опрема пред да почнат со вежбање. Треба да запомните дека не сте во теретана каде професионалците веќе провериле сè пред да пристигнете.

 Ролерите може да ги влошат проширените вени.

Користењето ролер на нозете може да го зголеми протокот на крв, да ја подобри вашата флексибилност и да им помогне на вашите мускули да заздрават побрзо. Меѓутоа, ако имате проширени вени, зголемениот проток на крв не е добра идеја. Притисокот врз вените може да ја влоши болката и непријатноста наместо да ја ублажи. Правејќи го ова, вие не го третирате проблемот, туку само го влошувате.

Она што можете да го направите наместо да користите ролер е да го користите вашиот велосипед што е можно почесто, и со тоа да го зголемите протокот на крв на многу здрав начин.

Ластиците за вежбање можат да бидат опасни.

Во еден многу тажен пример, еден човек вежбал со помош на ластик што бил врзан за врата, кога одеднаш ластикот се скинал. Човекот паднал назад и скршил неколку ребра и неколку коски околу десното око. Ова е само еден пример за тоа како ластиците за вежбање можат сериозно да ве повредат ако не се безбедно  прицврстени.

Реквизити за рамнотежа може да предизвикаат повреди на глуждот.

Оваа опрема се користи за подобрување на рамнотежата, за рехабилитација како и за превенција од повреди. Сепак, во зависност од јачината на глуждовите, ова може да предизвика повреди. Ако, на пример, сте ги повредиле глуждовите во минатото, вашите шанси да паднете се доста големи. Затоа, подобро да побарате помош од професионален тренер или физикален терапевт пред да користите вакви реквизити.

Шипките за згибови можат лесно да се откачат.

Многу ѕидови, или затоа што се стари или затоа што не се доволно цврсти, не можат да издржат шипка за згибови. На многу луѓе им се има случено да им се откачат шипките, што пак резултира со полесни или  посериозни повреди.