Ова е брилијантно! Нов профил на социјалната мрежа Инстаграм ги открива сите свештеници кои уживаат во луксузни работи и имаат богат стил на живеење, а во црквите ја проповедаат скромноста како доблест.

Инстаграм профилот наречен “Свештеници и Патики” (анг. PreachersNSneakers) ги открива црковните лица, свештениците и лидерите на црковните организации, кои исто така имаат доста следбеници на социјалните мрежи, така што ја истакнува цената на нивните обувки.

Се започнало како шега меѓу Тајлер- креаторот на профилот и неговите пријатели, а потоа прерасна во нешто многу поголемо.

Илјадници Интернет корисници започнаа да даваат негативни коментари, оценувајќи според фотографиите, запрашаа кои се тогаш тие- свештениците да кажуваат што е добро, а што лошо, и зошто лицемерно зборуваат на мисите за традиционалност и скромноста.

Еве дел од “скромните” свештеници кои досега се најдоа под рефлекторот на профилот:

1. Свештеникот Џон Греј во патики од брендот Јизи кои чинат 5000 евра

2. Свештеникот Роберт Маду во патики од брендот Баленсијага кои чинат 780 евра

3. Свештеникот Рон Карпентер во патики од брендот Вирџил Абло кои чинат 980 евра

4. Свештеникот Чед Веч во патики од брендот Оф-Вајт кои чинат 700 евра

5. Свештеникот Чед Веч во чизми од брендот Ив Сан Лоран кои чинат 950 евра

6. Свештеникот Мајк Тод во патики од брендот Џордан кои чинат 2700 евра

7. Свештеникот Џон Греј во патики од брендот Јизи кои чинат 3300 евра

8. Свештеникот Нејтан Финочио во кломпи од брендот Гучи кои чинат 1050 евра

Сите останати може да ги пронајдете на официјалниот профил “Свештеници и Патики”, на следниот линк.