Постојат неколку локации низ Стариот континент каде уживањето во марихуана е исто толку дел од културата, колку и пиењето италијанско кафе или француски вина. Додека во последните години е направен значителен напредок во употребата на канабис за медицински цели, во многу земји сепак е строго забранет. Погледнете во кои градови може слободно да користите канабис.

Амстердам, Холандија

Светската престолнина на канабисот, Амстердам е познат по многу нешта, вклучувајќи лалиња и бројни музее Но, се издвојува од повеќето европски метрополи токму по својата отвореност кон марихуаната. На специјализирани места, познати како кафулиња, пушењето марихуана е легално, но одгледувањето сè уште е кривично дело. Иако марихуаната е голема мамка за туристите, да не заборавиме дека градот крие некои од најдобрите музеи, познати архитектонски дела и одлична храна, па и ако не сте корисник на марихуана, се исплати да се посети.

Копенхаген, Данска

Поточно, областа Кристијанија. Тоа е анархистичко маало каде порано марихуаната се продавала сосема легално. Областа беше окупирана од хипици во 70-тите години на минатиот век и денес таму живеат околу деветстотини луѓе. Позната е и како „област на зелено светло“, поради сите видови канабис што може да ги најдете таму. Но, ова создаде проблеми и разни расправии во соседството, па денес, иако канабисот е достапен, населбата е многу попозната по своите шарени улици, кафулиња и ресторани.

Барселона, Шпанија

Иако марихуаната не е технички дозволена во Барселона, во пракса е дозволена. Може да консумирате во приватен простор или клубови, додека на улица е малку посериозна приказна. Може да се најдат клубови во кои се користи канабис доколку сте „зачленети“. Сепак, имајќи предвид дека има повеќе од триста вакви места, не е тешко да се приклучите на забавата.

Прага, Чешка

Град кој сè уште, за разлика од првите три на списокот, може да се посети без премногу пари. Исто како и во Барселона, марихуаната не е целосно легална, но за поседување до 15 грама никој нема да ве вознемирува. Нема клубови со членство и често може да купите марихуана од вашиот келнер. Кога веќе сте таму не се оптоварувајте со тоа како да најдете марихуана, туку уживајте и во прекрасната архитектура и пробајте некое од 1001 видови точено пиво!