Стапнувањето на килимот, облечени со чевли, кога доаѓаме од надвор, всушност може да доведе до појава на доста бактерии во домот, тврдат британските експерти.

Според нив, речиси половина од населението во В.Британија никогаш не ги чисти своите килими во домот, а 84% го прават на погрешен начин, при што нечистотијата продолжува значително да се наталожува во нивните живеалишта.

Според истражувањата, 75% од Британците често ја практикуваат оваа лоша навика, а со тоа незнаејќи ја разнесуваат бактеријата Ешерихија коли, која се сместува да живее во нивните килими, а која е главниот виновник за појава на салмонела.

Најмногу изложени на оваа сокриена опасност во домот се најмалите, односно бебињата, кои ползат по подот и така имаат директен допир со бактериите од килимот.

Исто така, експертите велат дека погрешно е што многумина сè уште веруваат во митот дека сосема во ред е да земат назад храна што случајно паднала на подот, единствено доколку го следат правилото од 3 секунди, односно дека е во ред за тоа брзо време да ја кренат храната. Но, ова верување е сосема погрешно, бидејќи бактериите веднаш ја напаѓаат храната.

Редовното перење и чистење на килимите може да го сведе до минимум присуството и количеството на бактериите. Воедно, секогаш внимавајте при изборот на самиот квалитет на килим, како што во денешно време постојат модерни варијани на дизајни кои доѓаат со антибактериски слоеви.