Мислењата дека мажите само ги сакаат помладите девојки кои изгледаат како супермодели, веќе се минато. Веќе сè почесто претставниците на посилниот пол претпочитаат возрасни и зрели жени.

Каква е причината за ова? Со што овие дами се попривлечни од младите девојки? Никој не ја негира убавината на помладите девојки кои наликуваат на вистински модели, но според љубовните експерти, на современите мажи им е потребно нешто повеќе.

Според нив, постојат одредени предности во врските со зрелите жени, а еве кои се тие.

На прво место, зрелите дами одамна го надминале „синдромот на принцеза“, при што ставот дека светот (вклучувајќи ги и мажите) се врти само околу нив е оставен во минатото. Зрелите дами започнуваат многу подобро да разбираат кои се нивните вистински желби, но и слаби точки. Така многу подобро знаат каков партнер им е потребен.

На второ место, зрелите жени имаат свој круг на интереси и грижи. Мажот не е нивниот цел свет, што означува дека дамите веќе немаат 24-часовна потреба од нивните партнери.

Зрелите жени ја сакаат и ценат слободата, воедно без да ја ограничуваат слободата на нивниот партнер. Така, тие никогаш нема да го опсипат нивниот партнер со стотици прашања и пораки, доколку случајно задоцни, а тоа е токму нешто што посилниот пол навистина го цени.

На трето место, овие жени се емоционално зрели. Манипулацијата, хистеријата, скандалите и постојаните притисоци се само одлика на помладите незрели девојки. Повозрасните дами не паѓаат на провокации, тие се сосема спокојни и не ги трошат нивните нерви за безвредни работи. Тие добро знаат дека стресот негативно влијат врз надворешниот изглед – нешто што не можат, ниту пак смеат да си го дозволат да им се случи!

Со зрелата жена дури и најобичниот разговор е интересен. Таа има видено многу и затоа знае и има разбирање. Може да разговара на секакви теми, но тоа не е најважното.

Најважното е што зрелата жена умее да слуша. На мажите, како и на жените, понекогаш им е потребен разговор во кој ќе ги споделат сите нивни сомнежи, стравови и несигурноста. А токму со зрелата жена, мажите може да имаат ваква емотивна поддршка. Тоа е квалитет што претставниците на посилниот пол го сметаат за неверојатно моќен.

Воедно, уште една причина зошто мажите ги обожаваат зрелите жени е токму независноста кога станува збор за финансиите. Зрелите жени кои знаат што сакаат и имаат цврст карактер, притоа не зависат од никого се едноставно совршени во очите на мажите, тврдат љубовните експерти.