Најверојатно секоја жена барем еднаш се запрашала, за што всушност служи малото џепче, кое е дел од секој дизајн на женската долна облека?

Невозможно е да не сте го забележале овој необичен мал детаљ од својата долна облека, па за таа цел, денес ви откриваме зошто, со која причина е истиот поставен таму.

Да започнеме од фактот дека мистериозното џепче се шие и поставува од внатрешниот дел на долната облека. Во ретки случаи, може да се најде и од надворешната страна.

Скоро секоја жена го смета за декоративен детаљ, но всушност навидум бескорисното џепче исполнува неколку корисни задачи во исто време.

Првично, џебот бил замислен, за да ја зголеми удобноста на долната облека и костимите за капење, односно удобноста при шиењето, воедно и при носењето.

Во крајна цел, шевовите може да ја надразната кожата на дамите при интимниот дел. Притоа, за да не се малтретираат при шиењето, шивачките едноставно додале дополнително парче од материјалот, што им го олеснувало шивачкиот процес, а притоа на тој начин, со додатното парче, кожата на жените била заштитена.

Во развојот на индустријата, долната облека како и костимите за капење се појавија изработени од многу други видови материјали, како синтетичкиот. Па така, џебот изработен од природни материјали си доби и нови функции.

На овој начин, џебот ја штити кожата од контакт и допир со грубата синтетика, ја штити кожата од алергии, чешање, иритации и црвенило, ја заштитува од нејзино бојадисување од различните материјали, а притоа го задржува елегантниот изглед на дизајнот.

Постои уште еден забавен факт: Доколку некогаш се најдете во ситуација да нема каде да сместите хигиенска влошка, џебот од долна облека може слободно да го искористите за таа намена, како или за складирање на некој друг вид на хигиенски производ, како хигенско марамче за една употреба.