Нема човек кој не знае дека појадокот е најважниот оброк во денот. Но, многумина луѓе не знаат што точно би требале да појадуваат, при што многу брзо гладот се враќа и посегнуваат кон нездрави ужини.

Како што многу нутриционисти ќе се согласат, не е сеедно да се појадува било што, а доколку сакате успешно, брзо и ефикасно да ослабнете, пред почетокот на летото, тогаш ви го препорачуваме следниот чудесен рецепт за појадок.

Златен појадок: Овесна каша за брзо слабеење

Потребни состојки

  • 50 гр овесни снегулки
  • 150 мл вода
  • 150 мл млеко
  • Овошје по желба (1 банана, 1 јаболка, шолја шумско овошје)
  • Мед и цимет

Начин на подготовка

Поставете ги млекото, водата и овесните снегулки да се варат на средна температура. Кога смесата ќе стане густа, додадете го овошјето, претходно исечено на коцки.

Почекајте да зоврие, добро измешајте ги сите состојки заедно и исипете ја смесата во чинија. На крајот додадете го медот и циметот.

Зошто овој појадок е ефикасен?

  • Долго време по неговото консумирање ќе бидете заситени.
  • Го намалува холестеролот.
  • Го намалува крвниот притисок
  • Го намалува ризикот од рак