За да избега од здодевниот семеен живот, по совет на еден својот пријател, 65-годишниот маж си направил профил на сајт за запознавање. Токму таму се запознал со една млада и прекрасна дама.

Истата му се претставила како студентка на економски факултет. Девојката била многу смела и самоуверена, при што директно објаснила дека бара спонзор, кој ќе й помага да ги покрива нејзините финансиски студентски трошоци, а за возврат истата ќе му врати со тоа што ќе спие него. Возрасниот бизнисмен бил воодушевен од понудата и не се двоумел многу, при што набрзо меѓу двајцата се оформила и врска во реалниот живот.

Драмата започнала кога еден ден мажот тргнал на работа, а сосема случајно го заборавил мобилниот телефон дома. Додека сопругата средувала одредени работи, телефонот наеднаш заѕвонел и таа се јавила, мислејќи дека го бараат нејзиниот сопруг поради работа.

„Ало, зајче, јас сум. Ми недостигаш, кога ќе се видиме повторно, креветот е празен без тебе.“- слушнала сопругата од другата страна на телефонот.

Без да изгуби контрола, сопругата ја прекинала врската, при што внимателно решила да ги провери сите записи во телефонот на нејзиниот сопруг. Разгледувајќи го истиот, открила дека нејзиниот сопруг непрекинато во последните неколку месеци контактирал со истиот број, од кој се јавила младата непозната дама. Во телефонот, покрај ова, постоеле и експлицитни фотографии од непознатата девојка.

Вечерта, кога сопругот се вратил од работа со соочил со вистинско непријатно изненадување, откако сопругата лута го пречекала и без многу чекање, веднаш го притиснала истиот да го признае изневерувањето, но ниту ова не помогнало. Веќе следното утро, сопругата ги поднела потребните документи за развод и воопшто не сакала да ги слуша неговите изговори и ветувања дека нема да се повтори.

Дури му се заканила дека пред судот лично ќе го покаже телефонот со сите записи и бесрамни фотографии. „Кога се оженивме, тој беше никој и ништо. Стана благородник благодарение на презимето на татко ми. Сега ќе го натерам да се врати во неговата ниска класа и да се потсети како е да се вози со градски превоз. Ќе му го одземам целиот бизнис.“- рекла бесната сопруга пред заедничките пријатели.

А што се однесува до студентката кој овој бизнисмен го довела до развод, таа набргу го променила нејзиниот телефонски број и го избришала профилот од сајотот за запознавање.

Дали се согласувате со постапката на изневерената сопруга?