Работници вработени во супермаркети во Бугарија откриваат дека нивните претпоставени ги принудуваат да го потопуваат месото во вода и да го перат, пред да го истакнат во ладилниците за продажба.

Идејата е месото секогаш да изгледа свежо, со розева боја и привлчено вкусно. Истовремено, во 90% од случаите, место пред да биде изложено и да биде претворено во свежо, долго стоело вкочането во лед.

Двајца студенти кои работеле во извесен супермаркет откриле дека го перат месото пред да го изложат за продавање. Според нив, потрошувачите во повеќето слуачи дури не знаат што купуваат и што всушност консумираат. Месото најпрво се одмрзнува, а потоа се потопува во некаква наводно безопасна хемикалија.

После тој процес, месото се добро се цеди и се става на продажба, како чисто ново. Според продавачите, дури и најискусните готвачи може да бидат измамени. Оние парчиња месо пак, кои предолго стоеле изложени во ладилниците, а не биле продадени, се маринираат во масла и зачини и повторно се враќаат назад во продажба. Мирисот успешно се сокрива со зачини и билки, а купувачите не приметуваат.

Единствениот начин да бидете сигурни дека купувате свежо месо е присуството на крв. Во вистински свежите парчиња месо секогаш има присуство на крв, колку и да ги миете. Во замрзнатите и оние кои минувале на штетна преработка, само излегува некаква течност.

Друг начин како да бидете сигурни дека месото е свежо, е да го купите заедно со коска. Иако гаранцијата не е голема, сепак многу помали се шансите месото со коска да стоело предолго замрзнато.

Вработените во некои супермаркети откриваат детали и за телешкото месо. Месото увезено од Аргентина или Бразил секогаш поминува низ жестоки процедури. Тоа се суши во специјални машини, а потоа се поставува во перални со солена вода и се врти околу 2 часа, додека не одговара на стандардите. Притоа, не е сосема сигурно дека овие процедури се безопасни за човечкото здравје.

Тамошните вработени ги советуваат купувачите да си купуваат исклучиво домашно месо и притоа доколку има можност, истото да биде заедно со коска.