Во текот на 17-от век, консумирањето на кафе било казнувано со закон. Во тоа време, се верувало дека пиењето на кафе може да доведе до промени на умот на личноста. За среќа, денес може да пиеме кафе колку што сакаме, но денес ви откриваме колкаво количество е најдобро за нашето здравје.

Точното количество на кафе кое е корисно за нашето срце

Група научници од Германија откриваат дека кофеинот ги стимулира клетките во крвните садови да реагираат на одреден начин. Истиот го подобрува начинот на работа на овие клетки и ги потикнува да се чувствуваат значително помлади. Научниците и експертите се едногласни дека количеството на кафе од кое нашиот организам има потреба со цел да го одржи срцето помладо за подолго време е 4 шолји кафе на ден.

Луѓето кои пијат кафе живеат подолго

Во текот на годините, истражувачите забележале дека редовното пиење на кафе го намалува ризикот од развивање разни здравствени проблеми. Оваа листа ги вклучува срцевите заболувања, мозочните удари, респираторните заболувања, инфекции и дијабетес. Масовното истражување во кое биле опфатени 400.000 испитаници во САД открило дека луѓето кои секојдневно пијат кафе имаат помал ризик од прерана смрт, односно имаат тенденција да живеат подолго.

Но не претерувајте со пиењето кафе

Пиењето кафе е здраво, но ако пречесто консумирате премногу количество на кафе т.е повеќе од 4 шолји дневно, тогаш може да се зголеми ризикот за одредени здравствени компликации. Консумирањето на 6 и повеќе шолји кафе дневно може да го зголеми ризикот за појава на срцеви заболувања за дури 22%.

Но, не пиење на 6 и повеќе шолји кафе дневно, туку и одредени други фактори, како додавање премногу шеќер или млеко во вашето кафе, може истото да го направи нездраво за пиење, односно да го зголеми нивото на шеќер во крвта. Кафето без шеќер пак, од друга страна, докажано го намалуа ризикот од дијабетес.