Резултатите од едно ново истражување заклучуваат дека жените кои имаат желба да родат машко дете, треба да направат една клучна работа.

Им се препорачува на жените кои сакаат да родат момче, дека треба повеќе да се релаксираат. Спротивно на тоа, жените кои се под повеќе стрес, е поверојатно да родат девојче.

Истражувањето, спроведено од страна на научниците од Колумбискиот универзитет, открива дека едвај една третина од жените кои имаат симптоми на стрес, како висок крвен притисок, емоционален стрес, се посклони кон раѓање машко дете.

Добиените резултати се подразбира не покажуваат дека промените и стресните ситуации во секојдневнието може да го променат полот на бебето додека е во утробата.

Д-р Монк заедно со неговите колеги собрале податоци за 27 индикатори на стрес при 187 жени, на возраст меѓу 18 и 45 години, а притоа учесничките биле поделени во три категории.

Едната група вклучувала жени кои имаат здрава бременост без стрес, втората група се состоела од жени кои покажувале симптоми на физички стрес и третата- жени кои имале психолошки стрес.

Едвај 31% од жените кои биле под физички стрес и 40% од жените кои биле под психолошки стрес, родиле момче.