Веќе не може да се каже дека популарниот Киванч Татлитуг е најплатениот турски актер, бидејќи еден негов поеднаков познат колега го претрка и гордо го зазема првото место.

На првото место на листата на најплатени турски актери сега се најде веќе познатиот и омилен меѓу дамите, актерот Чагатај Улусои.

Се проценува дека Чагатај заработува по 500.000 лири од епизода, играјќи во новата турска серија „Старателот“, што е еднакво на речиси 90.000 евра. Популарната серија уште по првата сезона од нејзиното емитување доживеа голем успех.

Киванч беше недостижен и го заземаше првото место на најплатен актер цели 5 години, заработувајќи по 60.000 евра од епизода.