Многу работи може да се случат со телото, доколку луѓето имаат недостаток од редовни интимни односи, тврдат светските експерти.

Неодамнешно британско истражување покажуваат дека многу луѓе не можат да се пофалат со соодветна редовна интимна активност, што пак доведува до непријатни последици по нивното здравје.

Интимната „суша“ не е нешто невообичаено, но важно е да се знае како истата може да влијае врз здравјето на човекот.

Еве што може да се случи, доколку се соочувате со пасивен интимен живот:

1. Повеќе стрес

Секојдневието на повеќето луѓе е обвиткано во стрес, но постои еден многу пријатен начин како да се ослободите од истиот, а тоа се токму интимните односи. Истражувањата покажуваат дека интимните односи и физичкиот контакт е значително поефикасен за разлика од самозадоволувањето, бидејќи го зголемува нивото на ендорфин и окситоцин, кои пак влијаат во намалувањето на ефектите од коризолот т.е хормонот одговорен за стресот.

2. Ослабен имунолошки систем

Интимните односи се сметаат за моќен стимулант за имунитетот. За време на истите, се произведува имуноглобулин А т.е антитело кое помага во борбата против редица заболувања.

3. Зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања

Британско истражување покажува дека за мажите кои практикуваат интимни односи двапати неделно, ризикот од затнување на артериите се намалува дури за половина, во однос на мажите кои имаат интимни односи само еднаш неделно.

Се смета дека, припадниците на посилниот пол кои редовно се интимни имаат подобар крвоток и поздрави крвни садови.