Секоја среќна жена си има свои сопствени тајни и трикови за одржување на среќата и хармонијата во нејзиниот живот. Воедно, за секој изворот на среќата е различен- Тоа може да биде семејството, кариерата или партнерот.

Во секој случај, важно е секој да знае што е тоа што го прави среќен и да знае како да го негува истото. А според експертите, среќната жена може да се забележи од далеку: Преку нејзините манири, стилот, погледот

Еве кои показатели од аспект на стилот и облеката откриваат дека станува збор за жена со среќен живот:

1. Шармантност и шминка

Среќниот човек не поминува часови пред огледалото, бидејќи едноставно нема време. Хармоничната и исполнета жена воедно нема причина никому ништо да докажува, затоа таа едноставно се облекува, онака како што се чувствува: Префинето ја обликува косата, носи испеглана облека и чисти обувки.

2. Фустани и здолништа

И покрај бурното секојдневние и постојаното носење на удобна облека, честопати само мислиме на практичноста, но не и на убавиот изглед. Но, тоа не важи за среќните дами, кои претпочитаат да изгледаат женствено во секоја пригода, без многу труд, со носење на едноставни и модерни фустани и здолништа.

3. Недостаток на претенциозност и ароганција

Во потрагата по среќата, една жена често се обидува да го разбуди интересот кон себе си преку екстравагантни, провокативни парчиња облека и модни додатоци. Сосема спротивно, среќната жена секогаш има свој личен стил што го негува, без разлика на туѓото мислење или пак, модните трендови.

4. Без вулгарност

Длабокото деколте и претераното кратко здолниште покажуваат дека една жена активно бара внимание, има лош вкус и еден куп комплекси, според експертите. Кај среќната жена нема да ги забележите ниту една од овие работи, бидејќи истата освојува со префинетост.

5. Смели акценти

Среќната жена во ниту еден случај не се губи во толпата. Луксузните детали и модни додатоци не се непознати кога станува збор за нејзиниот личен стил. Мудрата и среќна жена секогаш знае како да се издови од останатите, но на префинет начин.