Споделувањето на огромното количество информации на социјалните мрежи, создава редица прашања кај дамите: Дали да го означам на фотографијата? Дали ќе го промени статусот на врска? Дали е глупаво да споделам нешто на неговиот „ѕид“?

А можеби едно од најчестите прашања, за кое постојано размислуваат е дали партнерот се допишува со други жени на социјалните мрежи. Сите сме свесни дека Фејсбук е извонредна алатка за одржување на комуникацијата со блиските и познатите, но исто е и одличен начин на запознавање нови и непознати личности, кои во некои случаи можат да резултираат со раѓање на една нова романтична врска.

Еве неколку знаци кои укажуваат дека можеби вашиот партнер ве изневерува преку Фејсбук.

Доколку забележите, односно препознаете некои од нив, важно е да не избрзувате со бурна реакција. Наместо тоа, решението е разговор кој ќе ви ги даде одговорите на прашањата кои ве мачат. Доколку на истите, вашиот партнер не сака да одговори, тоа значи дека сепак можеби сокрива нешто виртуелно, а можеби и во реалноста.

1. Не сте пријатели на Фејсбук

Тоа значи дека најверојатно сте одлучиле вашата врска да не биде сериозна и тоа е сосема во ред, доколку тоа е нешто за кое и двајцата сте се согласиле на самиот почеток од врската. Доколку пак не е така и веќе неколку месеци излегувате, а тој ве нема додадено во неговата листа на пријатели, тогаш време е да размислите за вашиот однос.

2. Постојано е вклучен

Доколку вашиот партнер 24/7 е вклучен на Фејсбук, значи дека постои некоја причина таму, што го привлекува тоа да го прави. Таа причина може да биде и друга жена.

3. Пријатели сте на Фејсбук, но тој сè уште има некои сокриени објави

Опциите на Фејсбук за приватност постојат за подобра заштита на профилот, но доколку вашиот партнер тоа често ги сокрива објавите т.е фотографиите на кои сте означени и вие, јасно е дека се обидува да сокрие нешто од вас. Доколку ги отстранил вашите фотографии или ги сокрил од јавноста, време е за разговор. Доколку тој е горд на вашата врска, не постои причина зошто би постапил поинаку.

4. Се однесува како да не постоите

Доколку тој навистина ве сака, му се допаѓате и ве цени, ќе му се допаѓаат и објавите што вие ги поставувате на вашиот Фејсбук профил. Доколку не го прави тоа, значи дека веќе не е заинтересиран за вас и вниманието го посветува на нешто или некоја друга.

5. Итро се обидува да сокрие што прави

Не е неопходно да ја знаете лозинката на вашиот партнер, на неговиот Фејсбук профил. Тоа е сепак негова лична работа и тој, како и вие, има право на личен живот и своја приватност. Но, доколку седите до него и тој веднаш се обидува да го сокрие телефонот или тоа што го прави на лаптопот, имате право да му поставите неколку прашања.