Која е 64-годишната професорка Брижит Макрон, сопруга на 39-годишниот претседател на Франција, Емануел Макрон?

Брижит била најмалото дете во семејството. Нејзиниот татко имал сопствен бизнис за производство на чоколади, од кој и денес значително заработува.

На 20-годишна возраст, Брижит била најпосакуваната девојка за мажење, во нејзиниот роден мал град. Не за долго, на 21-годишна возраст, таа стапила во брак со банкар, на кого му родила 3 деца.

Брижит подоцна станала професорка и повеќепати го сменила работното место, сè додека Емануел Макрон не станал нејзин ученик, во училиштето во Амиен. Тој без сомнеж, ги отстранил монотонијата и сивилото од нејзиниот живот. Неговите родители значително се вознемириле, откако откриле дека нивниот син е во врска со неговата професорка, при што Емануел бил испратен да учи во друг град, но тоа воопшто не ја нарушило неговата врска со Брижит.

По бројни предизвици, тие конечно стапиле во брак, а Емануел бил позитивно прифатен од семејството на Брижит. Нејзините деца и внуци го обожаваат претседателот на Франција, а самата прва дама секогаш се труди да изгледа добро и пристојно за нејзините години.