Можеби се сеќавате на популарната вест од пред 1 година, кога едно новороденче ја доби титулата за најголемото бебе на светот.

Броди Јанг се роди токму на Божиќ, а притоа она што е уникатно во неговата приказна е тоа што тој тежеше неверојатни 6 килограми и се карактеризираше со должина од 62 центиметри.

Мајката на бебето во една пригода изјави дека предвремено знаела дека нејзиното бебе ќе се роди поголемо од останатите деца, но никогаш не очекувала толкаво големо изненадување.

Според жената, сите деца во семејството се родиле малку поголеми од вообичаено, но раѓањето на Броди дефнитивно ги надминало сите нивни очекувања.

Пропорциите на Броди биле типични како за 3-месечно бебе, кога се родил, а еве како тој изгледа денес: