Тешко дека може да се пронајде човек кој не го знае легендарниот Мистер Бин, односно актерот зад популарниот комичен лик.

Славниот британски актер, 64-годишниот Роуан Аткинсон се најде во центарот на медиумското внимание, откако ја остави својата сопруга, со која беше во брак изминатите 25 години.

Причината за нивната разделба не е било каква, туку друга жена, односно Роуан ја остави својата сопруга поради неговата љубовница, со која актерот имал љубовна афера.

Станува збор за Луис Форд, која исто така доаѓа од актерското поле.