Џенифер Лопез успеа да стане вистински симбол за совршена фигура и покрај тоа што, додека беше бремена со близнаците Макс и Ема, откри дека се здобила со 20 килограми вишок.

Денес таа, на 49 години изгледа подобро од било кога и подеднакво и кај мажите и кај жените предизвикува воодушевувања, поради нејзиното затегнато тело и обликувани стомачни мускули.

Се подразбира, не станува збор само за генетиката и природата, туку и огромниот вложен труд во одржување здрав начин на живот, преку правилната исхрана и физичката активност.

По раѓањето на своите близнаци, популарната пејачка веднаш реши дека треба да започне со намалувањето на вишокот килограми, со помош на професионални нутриционисти, експерти од областа на диетите и висококвалифицирани тренери.

Поставувајќи си висока цел, која требаше да ја оствари за многу кратко време, благодарение на нејзините помошници, Џенифер успеа да симне 20 килограми за 1 месец.

Режимот на исхрана на ѕвездата е многу едноставен. А најважното кое треба да го запаметите е мора да заборавите на солта и шеќерот.

Режимот на слабеење на Џенифер Лопез

Пример за еднодневно мени:

Појадок: Чаша вода, портокал, шолја какао. По 15 минути може да каснете било каков плод.

Ручек: Урда (не повеќе од 200 гр) и многу овошје и зеленчук

Попладневна ужина: Грст сушени плодови

Вечера: 200 гр пилешко месо или риба со зеленчуци (300 гр)

Пред спиење може да консумирате безмаслено кисело млеко.

Едноставната диета, Џенифер Лопез ја комбинираше со 3-часовен тренинг. Резултатите од режимот се и повеќе од извонредни, а таа денес изгледа подобро од било кога и од било која славна дама, вклучувајќи ги и помладите колешки.