Една од најталентираните пејачки во светот, Селин Дион, по природа има прекрасна фигура, но во последните годините, медиумите постојано истакнуваат дека истата е видно ослабната.

Самата таа тврди дека сега многу повеќе го сака нејзиниот надворешен изглед. „Сакам да изгледа силно, женствено и атрактивно, а ако не ви се допаѓам, едноставно не ме фотографирајте.“ – вели Селин.

Сега таа го открива и режимот благодарение на кој, за краток временски период успеа да симне дури 15 килограми.

Режимот на слабеење на Селин Дион

На прво место пејачката го става нејзиниот метаболизам и во ниту еден случај не ја потценува моќта на исхраната, токму поради што има вложено голем труд во следењето на следниот режим, како и во практикувањето на голема физичка активност.

Таа јаде 5-6 пати дневно и не се ограничува од ништо, а нејзиниот здрав режим на исхрана вклучува пиење многу вода и течности.

Ден 1

Појадок: Варено јајце, парче сирење и парче двопек

Прва ужина: Јаболка

Ручек: Зеленчукова супа со кубети

Втора ужина: Портокали

Вечера: Мала порција сварено пилешко месо, салата по избор и маслинки

Ден 2

Појадок: Кисело млеко

Прва ужина: Двопек со урда

Ручек: Риба на скара и грст кафеав ориз

Втора ужина: Домат со сирење

Вечера: Зеленчуци приготвени на пареа

Ден 3

Појадок: Варено јајце, парче сирење и двопек

Прва ужина: Грозје

Ручек: Сендвич со пилешко филе, марула и маслинки

Втора ужина: Малку зелена салата

Вечера: Крем супа од компири и парче сирење

Ден 4

Појадок: Кисело млеко

Прва ужина: Бисквити со јаткасти плодови и чај

Ручек: Пилешко филе на скара и салата од зелка и моркови

Втора ужина: Цитрусно овошје

Вечера: Грав со чили сос

Ден 5

Појадок: Варено јајце, парче сирење и двопек

Прва ужина: Јаболка

Ручек: Риба на скара и зелена салата

Втора ужина: Јаткасти плодови и парче темно чоколадо

Вечера: Шпагети со доматен сос, маслинки и сирење

Покрај диетата, Селин секојдневно го практикува и нејзиниот омилен спорт, а тоа е танцувањето, односно балетот.