Од време на време, на Интернет се појавуваат мали девојчиња, на кои модните експерти веднаш им ја даваат титулата за најубави на светот. Порано со оваа титула можеше да се пофали Тилан Блондо.

Тилан веќе е возрасна девојка со успешна модна кариера. А сега малата кукла од Русија, Алина Јакупова ја презема титулата за „најубавото девојче на светот“, при што бројот на следбеници на нејзиниот Инстаграм профил веќе достигна 23.000 и постојано расте.

Алина има 6 години и потекнува од Москва. Започнала да работи како модел уште на 4-годишна возраст и веќе била на насловните страници на истакнати руски списанија.

Нејзините сини очи и долга руса коса е она што хипнотизирачки ги привлекува нејзините следбеници, а ниту бројните воодушевувачки комплименти не престануваат да пристигнуваат на нејзина сметка.

Нејзинитот менаџер вели дека успехот на Алина не се должи само на нејзината убавина, туку и на неверојатниот труд и упорност на малото девојче да работи, и покрај нејзината возраст.