Славната актерка Ева Лонгорија пред 2 години го роди нејзиното прво дете, а веднаш по породувањето, ѕвездата активно и напорно започна да работи на враќање на нејзината препознатлива атрактивна фигура од претходно.

Сега конечно се гледаат резултатите од нејзините постојани напорни тренинзи, а откако објави фотографија на нејзиниот Инстаграм од моменталниот одмор, актерката за само неколку минути доби над 150.000 допаѓања.

Фановите се едногласни дека Лонгорија изгледа неверојатно за нејзините 45 години!