Есента без сомнеж е сезона на јаболката и вкусните златни рецепти кои се приготвуваат со истата, а на чии арома и вкус ретко кој може да одолее. Токму ваков е и следниот есенски колач кој денес ви го претставуваме со кој може уште денес да ги изненадите вашите најблиски!

Есенски колач со јаболка и ореви

Есента без сомнеж е сезона на јаболката и вкусните златни рецепти кои се приготвуваат со истата, а на чии арома и вкус ретко кој може да одолее. Токму ваков е и следниот есенски колач кој денес ви го претставуваме со кој може уште денес да ги изненадите вашите најблиски!
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: јаболка, торта со ореви, колач со ореви, колач со јаболка
Порции: 4

Состојки

  • 100 гр омекнат путер
  • 100 гр шеќер
  • 100 гр кафеав шеќер
  • 2 јајца
  • 1/4 кафена лажица екстракт од ванила
  • 150 гр брашно
  • 1/4 кафена лажица сол
  • 2 излупени и исечени јаболка
  • 50 гр исечени ореви

Начин на подготовка

  • Загрејте ја рерната на 180°C, а садот за печење обложете го со хартија за печење (Најдобро е садот да биде со размер од 22 цм).
  • Во голем сад, на средна брзина изматете ги омекнатиот путер и шеќер, додека да добиете лесна смеса. Изматете ги јајцата едно по едно, додадете ги ванилата, брашното, пецивото, циметот и солта.
  • Додадете ги исечените јаболка и ореви. Добиената смеса додадете ја во садот за печење. Поставете го колачот да се пече 40-45 минути. Откако ќе го извадите, почекајте 10-15 минути да се излади пред да сервирате.