Енрике Иглесијас и Ана Курникова станаа родители по трети пат и сега гордите родители, покрај тоа што ја споделија радосната вест со своите фанови, решија јавноста да ја израдуваат на еден уште поубав начин.

Славниот пејач на неговиот официјален профил на Фејсбук сподели фотографии од нивната новородена ќерка, именувајќи го албумот „Моето Сонце“, а потоа и самата Ана сподели дополнителни фотографии кои едноставно зрачат со многу љубов и топлина.