Најверојатно и вие дома имате емајлирани садови, тенџериња или тави, кои веќе подолго време се во вашето семејство. Тие навистина се чудесни и практични за употреба, но имаат еден недостаток.

Односно, по долги години користење, на нивната површина се наталожуваат јаглеродни остатоци и други видови на масни наслаги.

Грубото чистење може само дополнително да ја оштети површината и притоа да ги направи штетни за нашето здравје.

За среќа, постои еден многу лесен и навистина ефикасен метод, кој ќе ви помогне успешно да се справите со секој вид на масни наслаги. Вашиот главен помошник е т.н кислородно белило (без хлор) или со други зборови, натриумов перкарбонат.

Во продолжение ви откриваме како за буквално 5 минути, да ги исчистите вашите омилени емајлирани садови, во домашни услови:

Наполнете го емајлираниот сад со студена вода, малку повеќе од половината. Додадете 2 супени лажици од кислородното белило и поставете го садот на шпоретот.

Веднаш штом водата ќе започне да врие, поставете внатре крпа, на која останале масни дамки. На овој начин истовремено ќе направите 2 работи: Ќе го исчистите садот и ќе ја исперете крпата.

Варете 5 минути, притоа контролирајте го процесот, за да водата не се прелее од садот.

Потоа излејте ја водата и отстранете ги сите останати наслаги, употребувајќи четка или жица за садови.