Експерт споделува корисни совети за како вашите деца да бидат безбедни во вода ова лето

Безбедноста во вода, особено кога станува збор за нашите деца, е исклучително важна. Децата сакаат да играат во базени, езера и море. И како родители, правиме се што можеме за тие да бидат безбедни, следејќи го секој нивни потег. Натали Ливингстон, мајка која истражува давење, го искористи своето знаење и како мајка и како истражувач за да понуди практични совети.

Наведете причини за некое правило и едуцирајте ги децата за опасностa.

Да ги разберат причините зошто постои некое правило може да им помогне на децата да имаат здрав страв од водата. Помогнете им да разберат како изгледа давење, да бидат запознаени со нивните ограничувања, да им објасните зошто треба да правиме паузи од пливање и зошто го задржуваме здивот под вода, како и зошто спасувачите се толку важни.

Поставување на безбедносни мерки.

Пред да влезат во базен, море или каде било на друго место, важно е децата да ги разберат опасностите. Важно е да се постават граници и да се поминат безбедносните мерки како: каде да влезат во вода, каде  можат и не можат да пливаат, каде да скокаат и каде да не скокаат, кога да излезат од вода итн. Децата треба да побараат дозвола пред да влезат во вода, ова ќе ни овозможи да знаеме каде се и ќе знаеме дека треба внимателно да ги следиме.

Не давајте им на другите да ги чуваат вашите деца.

Можеби изгледа строго, но довербата во некој друг да се грижи за вашите деца, дури и ако тие се обучени професионалци како спасувачи, може да претставува голем притисок за некого. Најдобро е вие самите да внимавате на вашите деца и да не им давате „обврска“ на најблиските.

Дајте си одмор на себе и на децата.

Децата имаат бесконечен прилив на енергија и веројатно би можеле да пливаат засекогаш. Да направите пауза по одредено време е корисно за да се осигураме дека ние како родители ќе се одмориме од надзорот и ќе можеме да го освежиме нашиот ум. Може да пливаат 30 минути, а потоа секој треба да излезе од базенот и да се одмори.

Едуцирајте ги децата за нивната висина наспроти длабочината на водата.

Да ги научите децата децата да ги разбираат длабочините на базенот во споредба со нивната висина може да им помогне да донесат подобри одлуки за тоа каде да пливаат, а каде не.

Ако разберат дека вода длабока 120cm ќе им ги покрие дишните патишта можеби тие ќе останат да се забавуваат во плиткото. Исто така, тие треба да бидат свесни за фактот дека нивниот повисок брат или сестра може да плива во подлабока вода.

Научете ги на правилото од 5 секунди.

Научете ги децата да внимаваат на другите, така тие ќе се чуствуваат повозрасно и ќе бидат поодговорни . Ако некој е под вода, натерајте ги децата да почнат да бројат до 5. Ако не видат дека лицето ќе се појави после толку секунди, тогаш треба да известат некој  возрасен.

 

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *