Сон на речиси секоја жена е да има густа, долга и раскошна коса, но грижата и негата за истата понекогаш се вистински предизвик. Токму за оваа цел, денес ви откриваме еден сосема едноставен златен рецепт како да го забрзате растот на вашата коса и дополнително да ја зајакнете.

Домашен раствор за брз раст на коса

Потребни состојки

  • 1 кафена лажица црн пипер во зрна
  • 200 мл вода

Начин на подготовка и употреба

Полејте една полна кафена лажица црн пипер во зрна со 200 мл вода и поставете ја смесата на оган. Оставете ја да зоврие, варете на умерен оган околу 10 минути, покријте и оставете да отстои преку ноќ. Потоа поставете ја течноста во соодветен сад со исто количество на шампон.

Средството е многу лесно за користење, едноставно мијте ја косата онолку пати колку што веќе сте навикнати, со шампон измешан со растворот од црниот пипер. Оставете го шампонот да отстои 5 минути на вашата коса, а потоа исплакнете со вода. Во рамките на 1 месец ќе забележите дека косата ќе започне да расте 2 пати побрзо.