Денес ви ја претставуваме идеалната маска за сите дами кои сакаат да изгледаат помладо и кои ја обожаваат домашната козметика, која се приготвува многу лесно, а дава моќни резултати.

Домашна маска против брчки со затегнувачки ефект

Потребни состојки

  • 1/3 зрела банана без кафеави дамки
  • 1 кафена лажица сув ѓумбир или ѓумбир во прав или сок од свеж ѓумбир
  • 2 супени лажици масло од авокадо, бадеми или арганово, по ваша желба
  • 1 изматена и изладена пена од белак

Начин на подготовка и употреба

Згмечете ја бананата со вилушка, до добивање на каша и следно, додадете ги ѓумбирот и маслото. Додадете ја и пената од белка и добро измешајте ги состојките, до добивање на смеса со течна конзистенција.

Нанесете тенок слој врз кожата на лицето, како и вратот и деколтето, оставете ја лесно да се се исуши, а потоа нанесете уште 2-3 слоеви. Откако ќе го нанесете последниот слој од маската, оставете ја да отстои 10-15 минути.

На крај, отстранете ја маската со ладна вода и исто така со ладна вода измијте го лицето и нанесете соодветна крема или серум за лице.