Доколку претеравте во консумирањето пица или претеравте со алкохолот за време на викендот минатиот викенд, голема е веројатноста дека имате грижа на совест.

Многу луѓе се чувствуваат виновни затоа што се хранат нездраво, но треба да знаете дека прејадувањето од време на време е сосема нормална појава. Нема зошто да се грижите доколку се опуштите повеќе од вообичаеното на Божиќ, роденден или за време на викенд.

Нутриционистката Мелиса Мер открива како да надминете оваа криза и да се опоравите после викенд за време на кој можеби сте јаделе повеќе отколку што треба.

„Наместо претерано да се грижите зошто сте прејале, најдоброто нешто што можете да направите е да заборавите на тоа. Не гладувајте со мисла дека така ќе согорите вишок калории побрзо бидејќи тоа може да доведе до спротивен ефект. Продолжете со вашето секојдневие и јадете како и вообичаено.“- вели Мер.

Следниот чекор е да се фокусирате на здравите навики.

„Нема потреба од казнување на самите себе. Исполнете го вашето дневно мени со храна богата со хранливи влакна, како што се овошје, зеленчук и интегрални житарки.“- советува таа.

Мер смета дека водењето здрава врска со храната е клучната работа. Следниот пат кога ќе добиете потреба да консумирате нешто што не е на вашето дневно мени и содржи повеќе калории, запрашајте се дали навистина сте гладни.

„Можеби желбата ќе се смири со топла купка, бидејќи можеби не сте гладни, туку едноставно ви е здодевно. Запрашајте се дали навистина сакате да ги изедете сите бонбони или сакате да ги изедете само затоа што ви се на дофат. И на крај, доколку сакате да се почестите, тогаш изберете храна во која навистина уживате. Седнете и фокусирајте се на вкусот, аромата и текстурата на храната. Не само што ќе уживате во храната повеќе, туку и ќе го спречите прејадувањето.“- заклучува Мер.