Косата е важен дел од нашиот надворешен изглед и нејзиниот совршен изглед е сон на секоја жена. Токму, со нанесувањето на оваа домашна маска еднаш неделно, ефикасно ќе се справите со сувата и кршлива коса!

Домашна маска за целосно обновување на сувата и кршлива коса

Потребни состојки

  • 1 зрело авокадо
  • 3 супени лажици мед (75 гр)
  • 1 жолчка

Начин на подготовка

Извадете ја срцевината на авокадото, а потоа сите состојки добро измешајте ги, употребувајќи блендер, до добивање една соединета смеса.

Начин на употреба

Поделете ја вашата коса на неколку делови и нанесете ја домашната маска врз скалпот, притоа распространувајќи ја кон краевите. Оставете ја истата да дејствува 30 минути, а потоа исплакнете со многу вода.

Третманот може да го практикувате до 3 пати неделно, доколку сакате побрзо да ги добиете посакуваните резултати.