Веќе е познато дека недостатокот од сон има негативни ефекти врз стареењето на клетките, меморијата, дијабетесот, па дури и депресијата. Сепак, новите истражувања покажуваат дека е многу важно и во кое време одите на спиење.

Истражувањето спроведено при детската болница во Масачусетс, САД открива дека тинејџерите најчесто се склони кон одење во кревет во доцните часови и дека ова резултира во проширување на обемот на половината, дури до 8 центиметри.

Со зголемување на обемот на половината, испитаниците се изложени на зголемен ризик за влошување на здравјето на срцето и појава на дијабетес тип 2, пренесуваат експерите од американската педијатрија.

Во истражувањето беа опфатени 800 исптианици и од двата пола на возраст од 12 до 17 години.

Според експертите, токму недостатокот на сон што ја нарушува хемиската рамнотежа на нашиот метаболизам, влијае на способноста на организмот да одржува здрава телесна тежина.

Како да ја смените оваа лоша навика?

  • Одете на спиење во исто време, секоја вечер, бидејќи ова помага да се одржи хормонската рамнотежа.
  • Избегнувајте консумирање кафе и чај во доцните попладневни часови.
  • Избегнувајте консумирање алкохол. Покрај тоа што предизвикува замор, спречува да се достигне фаза на длабок сон.
  • Испразнете го мочниот меур пред спиење.
  • Не го користите вашиот мобилен телефон пред спиење, бидејќи зрачењето може да ја спречи синтезата на мелатонин.