Македонското списание за жени, Портрет секогаш воодушевува со неговата оригиналност и уникатност од светски ранг, а сега неговата насловна страна повторно ја краси извонредната Каролина Гочева.

Каролина, која плени со извонреден талент и неверојатна отменост, беше првото лице кое застана зад објективот по повод првата насловна страница на Портрет:

“Каролина беше првата Портрет-девојка која застана на нашата насловна страница пред повеќе од три и пол години, а на наше неизмерно задоволство таа ја краси и насловната страница за јубилејната 40-ка. Направивме одлична и комплетна авторска фотосесија што заедно со интервјуто, како и уште мноштво други, интересни содржини можете да ги најдете во новиот, априлски број што од вечерва ве чека на сите продажни места.”– изјави тимот на списанието, на нивниот официјален Фејсбук профил.

Еве како изгледа резултатот кога ќе се спојат два брилијантни креативни светови: Списание од рангот на Вог и личност која одамна го освоила светот!

Заслужен за насловната страна која наликува на висока уметност споена со висока мода, е одговорен тимот на Портрет:

Фотографија: Горан HLVK Поповски
Креативна директорка и организација: Бојана Максимовска
Стилистка: Бојана Максимовска
Арт директор и графички уредник: Душан Стојковиќ
Интервју: Тања Тодоровска Малакјан
Целосен изглед: MANGO
Шминка: Доковски (Beauty Hub 202)
Фризура: Артевски (Beauty Hub 202)
Локација: Хотел „Водно“

А еве како изгледаше првата насловна страна на списанието заедно со првата Портрет девојка- Каролина

Фотографиите и изјавата се превземени од официјалната Фејсбук страница на списанието Портрет.