Таа ќе ти даде втора, трета, четврта, дури и петта шанса, иако не го заслужуваш. Дури знаејќи колку лошо сте се однесувале со неа во минатото, таа продолжува да гледа нешто убаво во вас.

Ќе нанесеш болка секој пат кога ќе ја излажеш, но таа пак ќе ти прости. Таа ќе ти ја подари целата нејзина доверба и почит, без разлика колку пати си ја изневерил во минатото. Таа ќе се приспособи кон тебе, иако ти не го правиш истото за неа.

Ќе го скршиш нејзиното срце, а таа никогаш нема да покаже дека се лути. Нема да те обвини, дури и кога најмногу ќе си виновен. Ваквата жена од тебе нема да очекува извинувања, бидејќи истите ќе бидат многу ретки и неискрени. Но, во тие ретки случаи, таа ќе го прифати извинувањето, иако не е е должна да го направи тоа.

Таа ќе го вложи максимумот во вашиот однос, бидејќи таа искрено смета дека ти тоа го заслужуваш. Секогаш може сметаш на неа и таа секогаш ќе биде на твоја страна. Таа ќе биде со тебе и во добро и во лошо.

Дури и кога ќе биде зафатена, ќе пронајде време за тебе, бидејќи не сака да те разочара и не сака да чекаш, ќе ти одговори веднаш бидејќи не сака да си поигрува со тебе. Таа ќе биде вистинска со тебе, бидејќи не сака да глуми. Таа ќе го направи сето возможно, за да односот со неа биде лесен и прекрасен.

Ќе ти подари сето она кое го има, без притоа да бара нешто за возврат. Таа ќе те сака и покрај тоа што ти никогаш нема да ја покажеш твојата љубов и никогаш нема да искажеш доволно чувства кон неа. Занемарувајќи ги нејзините потреби, таа ќе се обиде да те направи подобра личност.

Таа е дури и спремна да изгори во име на љубовта, обидувајќи се да те заштити тебе од болката.

Секогаш знаеш како таа се чувствува, бидејќи никогаш не ги крие нејзините емоции. Таа ќе се критикува себеси и ќе се смета за недостојна за маж како тебе, а всушност ти си тој што не е достоен за неа.

До крајот на животот ќе жалиш ако таа замине од твојот живот, но вистината е, на неа најдобро ќе и биде далеку од тебе!