Веднаш откако заврши со прекрасна изведба по повод новогодишната ноќ, наместо веднаш да ги отвори подароците, славната пејачка реши годината да ја започне на малку поинаков начин. Џенифер Лопез одлучи да се вклучи во живо на нејзиниот Инстаграм профил пред 137 милиони фанови.

Ѕвездата одлучи дека ова е најдобриот и најавтентичен начин да го промовира новиот производ за чистење на лицето од нејзината козметичка линија, при што Лопез ја отстрани шминката и им покажа на фановите како навистина изгледа без нејзиниот препознатлив гламурозен изглед.

Видеото може да го погледнете тука.