Без сомнеж, малата принцеза Шарлот е вистинска убавица, која не ги пропушта јавните настани за да го докаже својот сладок детски и храбар карактер, покажувајќи кралска самодоверба уште од мали нозе.

Иако досега медиумите честопати пишуваа за сличноста меѓу Шарлот и, кралицата Елизабета Втора, сепак неодамнешни фотографии откриваат дека малата принцеза не само што е копија на нејзината прабаба, туку и на другата внука на принцезата Дијана, лејди Кити Спенсер.

Доказ за тоа е токму фотографијата што самата Кити ја објави на социјалните мрежи, при која е направена споредба меѓу Кити кога била мала (од лево) и Шарлот денес (од десно).

Кралските внуки се толку слични, што наликуваат на близначки:

Уште еден доказ се следните фотографии, на кои Кити (на втората фотографија) е речиси на иста возраст како принцезата Шарлот.

Затоа според експертите, веќе светот може да очекува како ќе изгледа принцезата Шарлот кога ќе порасне, односно ќе наликува на Кити Спенсер.