Две жени се облекоа како „баби“ во обид да се вакцинираат во Флорида.

Пред да бидат откриени двете жени очигледно веќе ја имале примено првата доза на вакцина против Ковид 19, што значи дека нивната маска претходно успеала.

Поради нивната возраст, Олга Монрој-Рамирез (44) и Марта Вивијан Монрој (34) не беа квалификувани за вакцинација. Постарите лица на возраст од 65 години и повеќе, жителите и вработените во домовите за стари лица и здравствените работници беа оние на кои им беше дадено приоритет.

Монрој-Рамирез и Монрој, наводно, се појавиле во центарот за вакцинација носејќи „целосна маска“, од облека до ракавици и очила, во обид да ги измамат здравствените работници во конгресниот центар во округот Оринџ во Средата, 17 Февруари.

Говорејќи за настанот, д-р. Раул Пино, директор на Одделот за здравство во Флорида во округот Оринџ, за време на брифинг со новинарите рече: „Така сфативме дека неколку млади дами се облечени како баби за да се вакцинираат по втор пат. Па не знам како им успеало првиот пат“.

Полицискиот службеник од округот Оринџ на видеото можеше да се слушне како вели: „Знаете ли што направивте? Вие сте украле вакцина од некој  кој му треба повеќе од вас. И сега нема да ја добиете  втората. Значи ова е целосно губење време“.

Монрој-Рамирез и Монрој беа пуштени само со предупредување, но службеникот од видеото се закани дека ќе бидат уапсени доколку се вратат во центарот за вакцинација.