Две жени се фатени во обид да искористат банкнота од еден милион долари во продавница во Тенеси, САД.

Според полицискиот извештај жените се обиделе да ја искористат банкнотата во продавница во предградието на Ноксвил на 12 Април.

Нивниот обид да користат фалсификувани пари не бил успешен, бидејќи банкнота од милион долари не постои во САД. Продавачката веднаш повикала полиција по „сомнителниот инцидент“.

39-Годишната МекКормик во чија сопственост била банкнотата и рекла на полицијата дека и била пратена „по пошта“ од црква, но не можела да обезбеди дополнителни информации за која црква станува збор.

Според полицискиот извештај, МекКормик која била придружувана од 61-годишна жена имал количка полна со намирници. Таа и рекла на полицијата дека сакала да ги искористи парите за да купи пакети за нега за бездомниците во предградието.

Другата жена, Линда Џонсон, исто така, била испрашувана од полицијата, но таа рекла дека “не знаела свесна за фалсификуваната банкнота и само ја возела МекКормик до продавницата“.

Двете жени не биле уапсени, наместо тоа им било дадено вербално предупредување за несоодветно однесување и забрана за враќање во продавницата. Што се однесува до банкнотата од еден милион долари, таа била земена како доказ.

Не е јасно дали МекКормик верувала дека банкнотата е вистинска. Бидејќи не постои банкнота од еден милион долари, тајните служби на САД не ги сметаат за фалсификати.