„Лидија беше моја вработена, а јас бев маѓепсан од нејзината убавина. Направив сè за да ја освојам. Долго време ја опсипував со внимание, подароци и вечери во луксузни ресторани“… Прочитајте во продолжение една приказна за љубовта која била ставена пред голем тест.

„Мојата материјална состојба беше одлична и воопшто не штедев кога бирав луксузни подароци за неа. Имам голема куќа и еден ден собрав храброст и ѝ предложив на Лидија да живееме заедно. Долго време мојата сакана ме одбиваше, велејќи дека е премногу рано за таков чекор во нашата врска. Но, јас бев толку уверен дека тоа е жената на мојот живот, што воеден од тоа, одлучив да ја запросам.

При еден сончев мајски ден, ние двајца отпатувавме во Париз, каде отседнавме во еден луксузен хотел, а персоналот ми помогна да подготвам романтична атмосфера во собата. Кога го виде раскошот што го имав подготвено, мојата сакана го изгуби разумот. Уште пред да го извадам прстенот од кутијата, таа вресна од радост дека прифаќа да се омажи за мене. По само неколку месеци организиравме голема свадба и во тоа време, сè меѓу нас изгледаше волшебно.

За мене Лидија беше кралица- Буквално ја носев на раце, дури предложив да ја напушти работата, за да има повеќе слободно време за самата себе, а и не чини сопругата на шефот да работи.

Поминаа 2 години од нашиот брак, кога еден ден се соочив со ужасна несреќа. Настрадав во тешка автомобилска несреќа, при која сериозно го повредив грбот. Долго време не можев да стојам на нозе, а за заздравувањето ми беа потребни скапи операции и процедури.

На почетокот, мојата сопруга се грижеше за мене, нешто што ѝ одземаше многу труд и голем дел од слободното време. Веќе не работев и полека Лидија веќе не можеше да ги добива скапите подароци на кои беше навикната. Со текот на времето започна да се одалечува од мене и без причина, постојано сакаше да се расправа.

Разбрав: Мојата сопруга сакаше да си продолжи со луксузниот начин на живеење, а јас ѝ пречев. Еден ден, едноставно се спакува и ме напушти, без дури да каже ниту збор, без да се збогува. Од пријателите разбрав дека си нашла љубовник- мој близок пријател, сопственик на огромна фирма.

Една година подоцна јас оздравев, застанав на нозе и бизнисот се стабилизира. На еден празничен собир се сретнав со својата поранешна сопруга, која ми раскажа, дека нејзиниот љубовник е во затвор поради даночна измама, а самата таа, која станала негов сметководител, била принудена да плати огромна парична казна и сега е на условна слобода. Се преселила да живее во посиромашниот крај од градот и сега работи како продавачка во супермаркет.“