Секоја современа жена се стреми да изгледа совршено: Да направи маникир, педикир, депилација и редовно да ги посетува козметичките салони. Но, сето тоа не значи дека за да го одржувате вашиот изглед, потребно е да трошите големи суми на пари.

За да изгледате секогаш средено и модерно, потребно е само да ги практикувате следните совети од водечките светски стилисти.

Оваа година, францускиот луксузен бренд Кристијан Диор, при својата колекција за Лето/Есен 2019-та година, акцентот го стави врз националноста, а покрај тоа модната куќа направи и едно кратко интервју во кое ги претстави 3-те знаци кои откриваат дека жената е средена и одржувана.

Следејќи ги нивните препораки, секоја дама може да изгледа совршено, модерно и врвно, без да троши многу пари.

1. Пожолтена руса коса

Еден од најскапите делови од целосната грижа и нега на жената е бојадисувањето на косата. Додека бринетите имаат доволно време за освежување на нивната боја на коса по неколку недели, кај блондинките тоа е различно.

Потребно е тие да обратат повеќе внимание на негата на нивната коса. Доколку имате ограничен домашен буџет, тогаш само насочете го истиот кон купување специјални шампони за тонирање т.е за зајакнување на виталноста на вашата коса.

Тие не само што ќе ја заштитат бојата на вашата коса, туку и ќе го зачуваат нејзиниот беспрекорен изглед.

2. Состојбата на облеката

Според врвните дизајнери, состојбата на облеката се основниот знак за средената и совршена жена. Не е неопходно да купувате нешто скапо или супер модерно, туку да ја одржувате облеката која веќе ја имате.

3. Негувани раце

Рацете се сметаат за огледало на женското лице. Судејќи според нивниот изглед, може да се определи возраста, дури и финансиската состојба на личноста.

Денес маникирите и педикирите се речиси задолжителни за секоја дама, која секогаш сака да изгледа средно и современо. Дури и да не отиде во козметички салон, постојат бројни домашни третмани со уште подобар ефект.

Недостатокот од шминка на лице е дозволен, но несредени раце се недозволиви, според експертите од Диор.