Чудесната домашна комбинација од мед и цимет е одлична за здравјето и изгледот на кожата на лицето. Медот ја омекнува и ревитализира кожата, а додавањето цимет ја зголемува циркулацијата на крвта и кислородот во кожата.

Домашна маска од мед за лице без брчки

Потребни состојки

  • 1 супена лажица мед
  • 1 супена лажица јогурт
  • 1 кафена лажица сок од лимон
  • Прстофат цимет

Начин на подготовка и употреба

Измешајте ги сите состојки заедно, а со цел смесата да биде што подобро соединета, може да додадете и малку топла вода. Добиената домашна маска нанесете ја на вашето лице и оставете ја да дејствува 10 минути, а потоа, на крај измијте го лицето со млака вода.

Користете ја маската 3 пати неделно. Моќните природни состојки ќе ја зајакнат и негуваат вашата кожа, ќе ги отстранат мртвите клетки и ќе го направат лицето поотпорно на брчки.