Денес за вас имаме една неверојатна идеа што да приготвите и да ги воодушевите вашите најблиски. Топено сирење од урда, зарем има подобро? Се прави многу лесно и брзо, а може да го сервирате со било кој оброк. Децата најмногу го обожаваат!

Домашно топено сирење

Вкупно време1 час
Оброк: Прилог
Кујна: италијанска
Клучни зборови: урда, сирење, топено сирење
Порции: 4

Состојки

  • 500 гр урда
  • 2 јајца
  • 100 гр путер или 2-3 супени лажици кисела павлака
  • 250 гр свежи печурки
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 кафена лажица сол
  • 4-5 страка магдонос

Начин на подготовка

  • Измешајте ги урдата, јајцата, омекнатиот путер, солта и содата со пасатор, до добивање хомогена смеса. Исечете ги печурките на мали коцки и запржете ги во тава, до добивање кафеаво-златна боја.
  • Гответе на пареа. Поставете го садот со урдата во тенџере со врела вода и мешајте постепено 15 минути. Кога ќе исчезнат грутките, додадете ги печурките и зачините и повторно добро измешајте.
  • Ви преостанува топлото топено сирење да го складирате во соодветни садови. Оставете го да се излади, а потоа слободно складирајте го во ладилникот, додека да стане тврдо.