Бањата е место од домот кое речиси секоја домаќинка го чисти со не толку големо задоволство. Вообичаено на површината на плочките и меѓу елементите се наталожува нечистотија, која со текот на времето е потешко да се исчисти.

За целосно и темелно да ја исчистите бањата, особено плочките, потребно е да одвоите неколку часа од вашето време, но проблемот настанува кога ниту најскапите средства за чистење не делуваат ефикасно.

За таа цел, за денес ви откриваме рецепт за универзално прочистувачко средство за бања, со кое истата ќе заблеска за само неколку минути, а еве како да го подготвите:

Универзално средство за чистење на бања

Потребни состојки

  • 1 шолја течен сапун
  • 1 шолја топол оцет
  • Инка
  • Сунѓер

Начин на подготовка

Затоплете го оцетот, до температура при која можете слободно да ги потопите вашите прсти во течноста.

Додадете го затоплениот оцет преку инка, во шише на принцип на спреј и додадете го во истото и течниот сапун. Внимателно промешајте ја смесата, со движење на шишето. Состојките треба добро да се соединат, но без да се создава прекумерена пена.

Напрскајте ја добиената смеса на потребната површина во вашата бања, а потоа, користејќи сунѓер, исчистете ја истата. Неопходно е да носите заштитни ракавици, за да не им наштетите на вашите раце при допирот со оцетот.

По нанесувањето на растворот на плочките, истиот оставете го да отстои 30 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.

Важно е да знаете дека овој домашен раствор не треба да се користи за чистење на плочки со гумени рабови, бидејќи оцетот може да ги оштети истите.

Домашната смеса може да ја употребите и за чистење на подот, а воедно не се грижете поради почетниот силен мирис на средството, кој се должи на оцетот, бидејќи истиот за кратко време ќе исчезне.