Сирењето и млечните производи отсекогаш биле сметани корисни и со чудесни ефекти за нашето тело, бидејќи се голем извор на калциум, кој е неопходен за зајакнувањето на коските и забите.

По тој повод, луѓето кои го претпочитаат здравиот начин на живот, задолжително ги вклучуваат и млечните производи како дел од своето мени.

Млечните производи не се само одличен избор за здрав живот, туку и совршен додаток во нашите омилени десерти, особено кога станува збор за легендарното тирамису.

Специјалното италијанско сирење познато како маскарпоне што се користи за подготовка на тирамисуто не е достапен во секоја наша продавница, а во оние во кои е достапен, може да биде со повисока цена.

Затоа денес ви откриваме како може истото да го приготвите во домашни услови, на начин што ќе резултира со уште повкусна и побогата текстура од купечкото.

Домашно маскарпоне

Потребни состојки

  • 500 мл неутрална павлака за готвење, со 20% масленост
  • 1 лимон

Начин на подготовка

Затоплете ја павлаката на слаб оган.

Исцедете го сокот од лимонот и потоа додадете го во топлиот крем. Измешајте ги добро состојките.

Во еден сад, поставете завој т.е газа, а истата претходно пресвиткајте ја 4-5 пати. Преку газата, налејте ја добиената смеса од павлаката и лимонот и оставете ја да се цеди.

Оставете ги садод и цедалката заедно така во фрижидерот, да отстои преку ноќта, за да најдобро се прецеди смесата.

Веќе следното утро, ќе наидете на густо и кремасто маскарпоне во вашиот фрижидер.