Белите влакна се сосема нормален и природен дел од процесот на стареење, со кој речиси сите, порано или подоцна се соочуваме. Но, белите влакна, покрај со возраста, лесно може да се појават и од стрес.

Доколку не сте љубител на бојадисувањето на косата, а сепак сакате да ја задржите нејзината природна боја, тогаш следната домашна маска ќе ви помогне да заборавите на несаканите бели влакна.

Домашна маска против бели влакна на косата

Потребни состојки

  • 1 корен од ѓумбир
  • 1 кафена лажица течен мед
  • 1 супена лажица зејтин

Начин на подготовка

Подготовката на маската ќе ви одземе 15 минути, при што поголемиот дел од времето ќе биде потребен за рендањето на ѓумбирот, бидејќи нема да ви биде потребен коренот, туку сокот од истиот.

Изрендајте го коренот од ѓумбирот и оставете го истиот да го пушти неговиот природен сок. Измешајте го сокот со течниот мед и зејтинот.

Начин на употреба

Навлажнете ја вашата коса, а потоа нанесете ја маската по целата нејзина должина и оставете ја да дејствува 40 минути. На крај измијте ја косата на вообичаениот начин. Повторувајте ја процедурата 2-3 пати неделно, до добивање на посакуваните резултати.

Зошто оваа маска е ефикасна?

  • Ѓумбирот содржи калиум, фофор и магнезиум, кои богато ги потхрануваат фоликулите на влакната, ги обновуваат и ги прават здрави, воедно ѓумбирот ја променува сивата коса кон нејзината природна боја.
  • Медот го регулира нивото на влажност во косата и ја прави блескава.

  • Зејтинот е богат со витамините Е и А, со антиоксиданти, кои помагаат не само да се ослободите од белите влакна, туку и целосно да ја заздравите и обновите косата.