Кога станува збор за здравјето и убавина, кокосовото масло е еден од најпознатите корисни природни средства што нуди многу здравствени придобивки, а воедно е лесно достапно за сите.

Ова масло одамна се покажа дека има неверојатни придобивки во козметиката. Влегува во составот на производите за нега на тело, лице и нокти, но има најголем ефект врз косата, а посакуваните резултати се покажуваат дури и при првите третмани.

За да ја направите вашата коса мека и кадифено свилена, едноставно направете маска од кокосово масло и мед.

Додадете 2 супени лажици ладно цедено масло од кокос во соодветен сад и загрејте во микробранова печка за 20 секунди. Потоа во истото додадете 2 супени лажици мед и измешајте додека не добиете една хомогена маса.

Нанесете ја добиената маска на претходно малку навлажнета коса и оставете ја да отстои најмалку 40 минути, а потоа измијте ја на вообичаниот начин со шампон.

Користете ја оваа маска еднаш неделно и нема да мора да чекате долго за ги добиете и забележите фантастичните резултати.