Секоја кој се грижи за нејзиниот надворешен изглед, знае колку многу време може да одземе депилирањето и секојдневното бричење на несаканите влакна. Влакната по лицето се посебно непријатен естетски проблем.

Со цел без многу труд да му ставите крај на овој проблем, денес ви откриваме рецепт за домашна паста благодарение на која конечно ќе имате мазна кожа без здодевните влакна.

Домашна паста за отстранување на влакна

Соберете грст лушпи од ореви кои се исушени и изгорете ги, а добиената пепел полејте ја со вода и добро измешајте до добивање на една соединета смеса со кремаста текстура.

Добиената смеса складирајте ја во ладилникот да отстои 12 часа, а потоа земете памук, потопете го во смесата и нанесете на деловите од телото од каде сакате да ги елиминирате влакната.

Неопходно е третманот да го потворите неколку пати на ден (пр. 3 пати), додека да ги добиете посакуваните резултати, а за најефикасно смесата треба да отстои 30 минути дневно како облога на кожата. На крај, исплакнете добро.

Со практикувањето на овој домашен третман, вашите влакна ќе станат значително поретки и потенки.