Стресот, неправилната исхрана, генетскката предиспозиција, состојбата на водата и квалитетот на произоводите за нега и миење се сето она што влијае врз здравјето на косата и доведува до нејзино паѓање.

Токму за оваа цел и кога сега одењето на фризер моментално не е опција, во продолжение ви ја претставуваме домашната маска која се смета за една од најефикасните во борбата против косопадот, на природен начин.

Благодарение на оваа чудесна домашна маска ќе успеете не само да го спречите паѓањето, туку и значително да ја зајакнете косата и истата повторно да заблеска.

Моќна домашна маска против косопад и за обновување на косата

Во длабок сад измешајте раствор од чичок со 120 гр сок од кромид и 40 гр коњак, односно пропорциите на состојките е 5:3:1. Добиената смеса нанесете ја со четка, по целата должина на вашата коса, а потоа истата покријте ја со фолија и оставете ја маската да отстои 2 часа.

На крајот од едноставниот домашен третман, измијте ја косата на вообичаениот начин со шампон.