Домашна крема која ги брише брчките и го отстранува грдиот сивкав тен

Лицето е највидливото подрачје на целото тело и затоа им е толку важно на многу луѓе да имаат совршено лице без брчки, но знаеме дека ова не е лесна задача. Поголем дел од кремите за брчки се скапи и затоа повеќето луѓе претпочитаат да прибегнуваат кон природни методи. Тие се уште поефикасни од креми и лосиони произведени од големи индустрии. Тие се исто така многу евтини и можат да бидат подготвени насекаде. Примената на овој серум нема никакви несакани ефекти и ги елиминира сите проблеми со лицето.

Што ќе Ви биде потребно:

  • Капсули со витамин Е (2 парчиња)
  • Капсули од Алое Вера или 1 лажица
  • Зелен чај во прав (1 лажица)
  • Семки од ленено семе (2 лажици)
  • Етерично масло (2 капки)
  • Вода (1 чаша)

ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА:

Првин сварете ја водата во помал сад. Веднаш додадете ленено семе и оставете да врие додека не стане како пенест гел. Потоа додадете зелен чај и мешајте 10 секунди. Додека врие. Тргнете го садот од плочата и продолжете да мешате. Исцедете ја смесата и префрлете ја во друг, стаклен сад.

Откако ќе се излади, додадете 1 лажица гел од алое вера и екстракт од капсула на витамин Е. Потоа добро промешајте сè додека не добиеме хомогена супстанција. Конечно додадете капки есенцијално масло и промешајте повторно. Овој лосион може да се чува во фрижидер до 8 дена.

Она што ви останува да го направите е првин добро да го исчистите лицето, а потоа нанесете го лосионот со деликатни кружни движења додека не се апсорбира. Веднаш ќе видите како кожата почнува да изгледа посветла и поздрава.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *