Со доаѓањето на есента, повеќето луѓе почесто ги посетуваат аптеките, барајќи да купат соодветен производ за зајакнување на имунитетот, бидејќи сите знаеме дека ниските температури носат со себе разни вируси, настинки и грип.

Доколку сте од луѓето кои ги претпочитаат домашно приготвените средства за лекување, денес за вас го имаме вистинскиот рецепт- течен домашен имуностимулатор, кој со сигурност поефикасно ќе ве заштити од настинките, за разлика од купечките производи.

Покрај тоа што е без хемиски додатоци, напитокот е и целосно природен, но и неверојатно вкусен!

Есенскиот напиток се приготвува многу лесно, а секоја одделна состојка што влегува во неговиот состав е исклучително лековита.

Есенски имуностимулатор

Потребни состојки

  • Ѓумбир
  • Јаболка
  • Лимон
  • Вода
  • Мед

Количеството на состојките изберете го според ваша желба, односно доколку претпочитате поблаг вкус, додадете повеќе од медот итн.

Начин на подготовка

Ѓумбирот и излупените јаболка се пасираат, а потоа кон истите се додава сокот од лимон, и на крај се додава и водата. По желба, добиената смеса може да ја прецадите веднаш, но може тоа да го направите и по 2-3 часа.

Потоа одделно измешајте го медот во вода, а потоа додадете го кон претходно добиената смеса. Тоа е сè!

Во случај да не сакате да ги пасирате состојките, тогаш може да ги исечете на парчиња и да приготвите лимонада, така што кон исечените состојки додадете вода и така оставете ги да отстојат 2-3 часа.